Pay To Click е основниот, најлесен и наједноставен начин со кој обично започнува интересот за Интернет заработка. Најлесен е и наједноставен бидејќи за негово отпочнување не треба некое предзнаење или поголемо искуство. Исто така најраспространет е и поради фактот дека за негово започнување не е потребна некоја претходна инвестиција.
Вакви страници на Интернет постојат безброј, секојдневно се отвараат нови и се затвараат стари. Сепак огромен е бројот помеѓу нив на т.н. SCAMS односно измамници кои не плаќаат за сработеното. Затоа при изборот за работа на вакви страници потребно е претходно добро информирање. Условите што ги нуди страницата можете да ги прочитате во TOS (Terms of service) или FAQ (frequently asked questions) кои се во склоп на самата страница. За веродостојноста и рејтингот на страницата може да се информирате преку разни форуми за PTC, страници каде регистрираните членови разменуваат искуства, оставаат постови или разговараат онлајн околу заедничките интереси. Исто така можете со пребарување на терминот scams да добиете цели листи и веб адреси на измамниците. Како мерило за веродостојноста најчесто се зема и сумата што клиентот ви ја исплаќа по единечен клик, а таа мора да се движи во рамките од $0,0001 до $0,01 за стандардни членови на страницата (значи оние кои не платиле претплата или инвестирале). Сите други страници кои нудат поголема заработка од ова се измамници. Се разбира, доколку инвестирате во страницата, платите претплата станувате upgrade, gold, bronze, premium членови и во тој случај вашата заработка по клик би се искачила максимално до $0,02 по клик (не повеќе).
Друг начин да се информирате за страницата е да побарате т.н. payment proof (доказ за исплата) од истата страница. Обично се поставува во вид на jpeg формат-слика со трансакцијата на исплатата.
Како функционираат PTC:
Прво што треба да направите е да регистрирате своја сметка кај платежните процесори. Тоа е сметка што задолжително ви се бара бидејќи таму ќе ви бидат префрлени заработените средства. Такви платежни процесори се Payza, PayPal или SolidTrustPay. При регистрација совет е да изберете неспецифична лозинка за влез во сметката заради помала можност од хакирање на истата (најчесто се зема комбинација од букви и бројки).
Откако ова сте го комплетирале пристапувате кон регистрација на самата страница. Притоа од вас се барат лични податоци како име и презиме, меил адреса, ваше корисничко име и лозинка. Совет е да регистрирате нова меил адреса на gmail бидејќи овој клиент има помалку селективен spam филтер и повеќето страници тоа го налагаат за полесна комуникација. За корисничко име изберете некоја лесна и звучна скратеница и користете ја за сите страници од овој тип (за полесно меморирање). Од пребарувачите се препорачува да се користи Google Chrome (како најидеален и најбрз за обработка на овие страници) или алтернативно Mozilla Firefox.
При регистрацијата некои страници ви испраќаат повратна (feedback) порака на меил во облик на поздравна порака или известување. Истата содржи линк кој мора да го кликнете за вашиот профил на страницата да стане активен.
Со влегување на вашиот профил избирате опција SURF ADS или VIEW ADVERTISEMENTS. Тоа се всушност рекламите што мора да ги разгледате за да бидете кредитирани. Истите се отвараат во нов прозорец и нив ги има најмалку 4 на број дневно. Во горниот дел од новоотворениот прозорец постои бројач на време кој мора да одброи или статус бар кој мора да се исполни како показател на времето што мора да го задржите прозорецот отворен. Кај извесни страници постои верификација со бројки или слики при што мора да кликнете на вистинскиот (истиот) што се појавува како избор помеѓу неколку такви опции. Рекламата е во времетраење од 20-30 секунди. Потоа го затварате прозорецот и од матичната страница кликате нова реклама.
Во вашиот профил на секоја ваква страница имате опција promo tools каде се содржани алатки со ваши генералии (referral link; banners). Истите тие се однесуваат на промоција на страницата која се очекува од ваша страна, сé со цел за ваша поголема и побрза заработка. Значи ги истакнувате алатките на страници за реклами, огласи, социјални мрежи, придобивате и регистрирате ваши познаници преку вашиот линк и банер. На тој начин од нивната заработка добивате провизија и така вашата заработка е поголема и побрза. Тоа е всушност и поентата: да имате што повеќе препорачани корисници т. н. реферали (referrals) за кои ќе добивате провизии.
Исплатата е скоро секогаш во долари и истите ви се исплаќаат кога ќе го достигнете минимумот за исплата кој најчесто $1-$2.
КОРИСНИ СОВЕТИ:
-Рекламите од една страница кликајте ги една по една (да не се преклопуваат временски);
-не употребувајте screen capture програми или слични на нив. Секоја страница има поставено сигурносни скрипти и може да се случи да ве прогласат за измамник и да ви го избришат профилот;
-кај секоја страница добро прочитајте ги TOS и FAQ за да се запознаете подетално за услови што ги бара страницата;
-рекламирајте ги и поставувајте вашите линкови за препорака и банери за да придобиете што поголем број реферали;
-изнајмете реферали! Тоа се други членови на страницата кои за одредена сума ќе кликаат за вас и така побрзо ќе дојдете до лимитот за исплата. Кај некои страници многу препорачливо е да направите и upgrade (да платите или инвестирате), а со тоа добивате привилегии (поголем број на реклами дневно, поголема заработка по клик и моментална исплата кога ќе побарате).
PTC (PayToClick)-најкарактеристични претставници:
Како по некое непишано правило ваквите натписи започнуваат со NeoBux, најстарата и најверодостојна страница на Интернет, заслужна за многу иновации, практично лидер во PTC индустријата.
Најмаркантната заслуга на овој клиент е воведувањето на инстант исплата и изнајмувањето референци. Кредитирањето е $0.01 или $0.005 за дополнително поставена реклама за стандардни членови, 50% провизија од заработката на вашите референци и релативно ниски цени за изнајмување реферали. Минимум за исплата е $2 (првпат), а потоа се накачува на $3, $5, $7 за да застане на $10.
ClixSense е од поголемите гиганти на овој бизнис, релативно нови на пазарот но прилично реномирани. Карактеристичен е по мултилевел матриксот кој се спушта до 8 ниво (значи за upgrade членови дава провизија не санмо за директните реферали туку до 8 ниво на downline). Дневни поставки 4+ кои не ги дава одеднаш туку морате да влегувате на страницата повеќе пати дневно. Минимум за исплата е $2 но само за upgrade. Значи да се направи upgrade на оваа страница се наметнува како основна потреба. Во најидеални услови заработката може да достигне преку $400.000 ($400K).
Upgrade-от е пожелен затоа што за секоја директна референца добивате по $2. Овој клиент има убедливо најдобар affiliate програм.
-->LinkGrand е од поновите, неспецифични PTC страници, со нов концепт и можност за споделување на рекламите преку социјалните мрежи. Определени се за реклами кои нудат можности за заработка надвор од PTC сферата.